Friday, January 16, 2009

Студена зима, затоплени деца – донација на иселениците од САД

www.tera.com.mk

Студена зима, затоплени деца – донација на иселениците од САД
Среда, 14 Јануари 2009 18:02
natasa_donacija_bolnioca_sl_002„Студена зима затоплени деца" е мотото под кое македонските иселеници во Соединетите американски држави ја организираа хуманитарната мисија со која во земјава донираа 240 ќебиња за болниците и јавните здравствени установи. Еден дел од донацијата, односно 100 ќебиња се донираа во Домот за доенчиња и мали деца, а денеска околу 50-тина се донираа и на детското одделение на Клиничката болница. Парите за донацијата ги собраа три невладини организации: „Обединета македонска дијаспора", „Искра надеж" и „Македонска мисија за хуманост", здружени во Фондот за македонски деца, а координирани од Александра Трпковска.

-Желбата на наште иселеници е да помогнат на болниците и јавните установи во РМ во овие зимски месеци да имаат топли и квалитетни ќебиња од „Тетекс". Ние како Клиничка болница се заблагодаруваме и одделението за детски болести на ваквиот хуман гест на нашите од САД - вели Димче Кузмановски, директор на Клиничката Болница.

Затоа што ова одделение, односно грижата за децата е основна цел за болницата, во следнава година детското одделение треба целосно да се реконструира според светски стандарди.

-Направен е идеен проект за тој дел но во рамките на можностите на Болницата, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување до крајот на годината се надеваме да се обезбеди таа реконструкција и создадат одлични услови не само за децата и нивните мајки, туку и за персоналот на ова одделение - додава Кузмановски.natasa_donacija_bolnioca_sl_001

Кон крајот на минатата година, пак, преземени се активности за опремување на сите оддленија на Клиничката болница со постелнина, односно проблемот делумно е решен со 1.000 нови чаршафи и перници.

-Во текот на 2009 година ќе се обидуваме колку што можеме од буџетот на Болницата и со вакви донации одделенијата да ги снабдиме со квалитетни ќебиња со оглед на тоа дека повеќето од 15 години во Клничката болница не е купено ниту едно ќебе - -објаснува Кузмановски.

Вчера во оваа болница, од страна на Милјана Лукиѓ од Хамбур, Германија се донирале 200костими за медицинскиот персонал, 50 лекрски мантили, 50 работнички одела и 150 навлаки за перници.

Наташа Чавдаровска
aktuel@tera.com.mk

http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3207:2009-01-14-17-04-02&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

No comments: