Thursday, May 8, 2008

Во Колорадо,САД,голем интерес за македонскиот штанд

OhridLive.com

Во Колорадо,САД,голем интерес за македонскиот штанд

четврток, 08 мај 2008

vesna.jpg











(Специјално од Колорадо за Ohridlive) Жителите од Стимбоут Спрингс,Колорадо и од други градови во САД, имаат огромен интерес за се што ќе им биде претставено од Македонија.Македонскиот штанд,подготвен од невладинта организација ММХ беше најпосетен на интернационалната вечер на интегрирана заедница во овој американски град.Над 300 посетители ги видоа филмовите "Еден ден во Македонија" и "Охридско Езеро".Сите сакаа да чујат и да се запознаат со убавините на Македонија.

vesna1.jpg

Посебен интерес посетителите покажаа за проектот за културна и едукативна размена помеѓу Македонија и Колорадо,кој започна со неодамнешната изложба на македонско-канадскиот сликар Мајкл Клоз во Галеријата Маунтан Колих.

vesna3.jpg

Дел од македонскиот штанд во Колорадо

Летово е најавено учеството на Охридско лето на оперската певица Кери Растој и на пијанистката Матсуми Мотоки.Во неколку градови во Македонија паралелно ќе бидат изложени делата на Синтија Зизда и на Хол Алан.Во рамките на оваа размена септември ќе биде месец на македонската култура и уметност во Стимбоут Спрингс.Ги очекуваме да дојдат Зоран Велјаноски-Летра,обоиската Гордана Јосифова-Неделкоска,драматургот Јордан Плевнеш и сопрано пејачката Елна Голомеова.

vesna2.jpg

Една од салите каде што се одржуваше туристичката манифестација

пишува:Весна Палмер

Ohridlive


http://www.ohridlive.com/index.php?option=com_content&task=view&id=566&Itemid=77