Wednesday, July 30, 2008

Опстојување на училиштата во компјутерската ера

OhridLive.com

Опстојување на училиштата во компјутерската ера

среда, 30 јули 2008

roj.jpg











Подготвеноста на училиштата на одговаорат на овите предизвици на времето е главната тема на која се разговара на семинарот што денес го организираа НВО -Мултилингвална и мултикултурна хармонија и Црвениот крст од Охрид.Предавач е познатиот експрет од област а на образованието Рој Блешфорд,кој добро ги познава приликите во регионот.

roj1.jpg

"Јас сакам да се фокусирам на две главни прашања-зошто постојат училиштата во денешно време,дали тие се поготвени да им одговорат на потребите на децата како во држвата,така и на меѓународно ниво.Овде е клучно и прашањето за тоа дали децата од целиот свет мора да седат во училиштата,по осум часови дневно,200 денови во годината во време кога имаме развиено компјутерска технологија.Во вакви услови се поставува и прашањето на постоењето на училиштето.На сето ова сакам да дадам одговор на овој семинра во Охрид",кажува меѓународниот експерт Блешфорд.

Слушатели на овој семинар се директори на училишта од Охрид и Битола,претставници на локалната власт кои се задолжени за образованието.

Ohridlive

http://www.ohridlive.com/index.php?option=com_content&task=view&id=1120&Itemid=75

Tuesday, July 8, 2008

Од отпад прават уметнички дела

Од отпад прават уметнички дела

вторник, 08 јули 2008

alen1a.jpg















Зизда и Ален

Во Охрид почна дводневна работилница на која професори,ученици,волонтери ќе учат како од отпад и природен материјал можат да се создадат уметнички дела.Предавачи се Синтија Зизда,професор на колеџ во Колорадо,САД, и Џол Ален,вонреден професор на колеџот и слободен уметник.Работилницата ја организираа Македонската мисија за хуманизам,чиј претседател е Весна Палмер и Црвениот крст од Охрид.

Наша цел е луѓето да станат свесни за екологијата и да можат од работите што се околу нас да направат нешто.Важно е нашата животна средина да биде подобра од она што е.Ние отпадоците не ги гледаме како отпад, туку како материјали од кои можеме да направиме уметнички дела,кажаа Зизда и Ален по повод нивниот престој во Охрид.

alen3.jpg

Весна Палмер го доближува Стимбоут,Колорадо,до Охрид

"Нашите гости Синтија Зизда у Џол Ален по завршувањето на својот ангажман во Охрид своите импресии преку фотографии,изјави ќе ги претстават во македонската амбасада во Вашингтон,САД,но и во Стимбоут,Колорадо, каде што јас живеам.Тие на 12 јули во Охрид ќе имаат и своја изложба",кажува Весна Палмер претседател на Македонската мисија за хуманизам.


Ohridlive

http://www.ohridlive.com/index.php?option=com_content&task=view&id=970&Itemid=75