Студена зима, затоплени деца – донација на иселениците од САД
Среда, 14 Јануари 2009 18:02 |
-Желбата на наште иселеници е да помогнат на болниците и јавните установи во РМ во овие зимски месеци да имаат топли и квалитетни ќебиња од „Тетекс". Ние како Клиничка болница се заблагодаруваме и одделението за детски болести на ваквиот хуман гест на нашите од САД - вели Димче Кузмановски, директор на Клиничката Болница. Затоа што ова одделение, односно грижата за децата е основна цел за болницата, во следнава година детското одделение треба целосно да се реконструира според светски стандарди. -Направен е идеен проект за тој дел но во рамките на можностите на Болницата, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување до крајот на годината се надеваме да се обезбеди таа реконструкција и создадат одлични услови не само за децата и нивните мајки, туку и за персоналот на ова одделение - додава Кузмановски. Кон крајот на минатата година, пак, преземени се активности за опремување на сите оддленија на Клиничката болница со постелнина, односно проблемот делумно е решен со 1.000 нови чаршафи и перници. -Во текот на 2009 година ќе се обидуваме колку што можеме од буџетот на Болницата и со вакви донации одделенијата да ги снабдиме со квалитетни ќебиња со оглед на тоа дека повеќето од 15 години во Клничката болница не е купено ниту едно ќебе - -објаснува Кузмановски. Вчера во оваа болница, од страна на Милјана Лукиѓ од Хамбур, Германија се донирале 200костими за медицинскиот персонал, 50 лекрски мантили, 50 работнички одела и 150 навлаки за перници. Наташа Чавдаровска |
No comments:
Post a Comment