вторник, 08 јули 2008
Зизда и Ален
Во Охрид почна дводневна работилница на која професори,ученици,волонтери ќе учат како од отпад и природен материјал можат да се создадат уметнички дела.Предавачи се Синтија Зизда,професор на колеџ во Колорадо,САД, и Џол Ален,вонреден професор на колеџот и слободен уметник.Работилницата ја организираа Македонската мисија за хуманизам,чиј претседател е Весна Палмер и Црвениот крст од Охрид.
Наша цел е луѓето да станат свесни за екологијата и да можат од работите што се околу нас да направат нешто.Важно е нашата животна средина да биде подобра од она што е.Ние отпадоците не ги гледаме како отпад, туку како материјали од кои можеме да направиме уметнички дела,кажаа Зизда и Ален по повод нивниот престој во Охрид.


Весна Палмер го доближува Стимбоут,Колорадо,до Охрид
"Нашите гости Синтија Зизда у Џол Ален по завршувањето на својот ангажман во Охрид своите импресии преку фотографии,изјави ќе ги претстават во македонската амбасада во Вашингтон,САД,но и во Стимбоут,Колорадо, каде што јас живеам.Тие на 12 јули во Охрид ќе имаат и своја изложба",кажува Весна Палмер претседател на Македонската мисија за хуманизам.
Ohridlive
http://www.ohridlive.com/index.php?option=com_content&task=view&id=970&Itemid=75
No comments:
Post a Comment